Иницијатива за воведување иновација за одржливо, конкурентно и енергетски ефикасно градење со аплицирање на алатката за информациско моделирање на градби – БИМ - во рамките на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење –

Како поддршка на градежниот сектор, а во насока на креирање  дополнителни капацитети на вработените за имплементирање на параметрите за енергетска ефикасност во градби, на 5 и 6 февруари 2019 година се одржа дводневна работилница за промоција на БИМ (алатка за информациско моделирање на градби) во рамките на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење – ТРАИНЕЕ“, кој е дел од европската програма „Хоризонт 2020“.

 

- Еден сегмент на дејствување за подигање на конкурентноста на македонските компании од градежниот сектор е континуирано подобрување на вештините на градежните работници за градење енергетски ефикасни објекти преку обука и преквалификации, со цел да се постигнат параметрите на ЕУ „Стратегијата 2020“ за енергетска ефикасност.

Со цел  да се постигне мултидисциплинарен пристап кај одржливото градење,  ќе биде иницирана примената на алатки за информациско моделирање на градби (BIM-building information modeling) на национално и европско ниво.

Преку примената на БИМ-алатките треба да се постигнат и да се прикажат енергетските заштеди кои се резултат од примената на мерки за енергетска ефикасност во процесот на градење.

Република Македонија се приклучува кон иницијативата за имплементирање на алатки за информациско моделирање на градби и иновации во градежниот сектор и прашањето е дали ќе успее да се искористи дел од ова и да се подобри процесот во земјата, бидејќи извештаите од спроведената анализа предвидуваат дека поширокото усвојување на БИМ ќе овозможи заштеда од 15-25% на пазарот на глобална инфраструктура до 2025 година.