Прес во СКМ на Тема: БИМ АЛАТКА ВО НАСОКА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА – ТРАИНЕЕ ПРОЕКТ
„Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“- Траинее
(Toward market-based skills for sustainable energy efficient construction-TRAINEE)
Дигиталната трансформација е неопходна за брз економски раст и развој на градежните компании преку употребата на БИМ технологијата, која ќе доведе до зголемување на конкурентноста на пазарот беше истакнато на прес Конференција во Стопанската комора на Македонија.
Kick-off Conference: ГРАДЕЊЕ НА КОНКУРЕНТНИТЕ СПОСОБНОСТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР ПРЕКУ ПРОЕКТОТ „ПАЗАРНО ОРИЕНТИРАНИ ВЕШТИНИ ЗА ОДРЖЛИВО ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНО ГРАДЕЊЕ“- (ТРАИНЕЕ)
Како дел од Потпрограмата „Енергетска ефикасност“, во рамките на Европската програма „Хоризонт 2020“, на 27.9.2018 година, во хотелот „Александар Палас“, се одржа Конференција за започнување на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (ТРАИНЕЕ).
Настанот го отвори и го модерираше Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија, воедно и координатор на „ТРАИНЕЕ“-Проектот, која ги поздрави присутните, ги претстави говорниците и панелистите и ја истакна важноста на истиот, укажувајќи на тоа дека главна цел на Проектот е подобрување на вештините на градежните професионалци - архитекти, инженери и градежни работници за градење енергетски ефикасни објекти.