Повик за пријавување на 2 БИМ вебинари, за учесници во индустријата и локалните/национални власти.
Во рамките на проектот ТРАИНЕЕ Ве покануваме да земете учество на следните БЕСПЛАТНИ (трошоци покриени од проектот) вебинари кои ќе се одвиваат во месец април во период од три дена.
- БИМ за претставници на власта, купувачи и сопственици - (14, 15 и 16 април 2020 година),
- БИМ за индустрија и произведувачи - (22, 23 и 24 април 2020 година), наменет за сите лица кои работат во фирми за индустриско производство, и
Периодот на обуката е планиран во попладневните часови (после 17 часот или подоцна). Видео обуките ќе бидат водени од проектниот партнер BIM Academy, од Шпанија.
Вебинарите (онлине видео обуките) ќе се одвиваат на тој начин што секој ден ќе има работна видео сесија со серија предавања во траење од 1 до 2 часа. Потоа останатион дел ќе биде преку вежби, читање на одредени статии и сл,
НОВА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ЗНАЕЊАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО
-Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење – ТРАИНЕЕ“, како дел од Европската програма „Хоризонт 2020‟ и иницијативата на Европската унија за градење на капацитетите и подобрување на вештините во градежниот сектор континуирано дејствува кон остварување на својата основна цел, а тоа е создавање квалификувана работна сила, подготвена да се справи со предизвиците за одржливо енергетски ефикасно градење и истовремено со иницирање зголемена пазарна вредност на бараните вештини, истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија, на прес-конференцијата на Комората