Пилот обуки за проектирање и инсталирање на сончеви термални колекторски и фотоволтаични системи

Содржината на програмата за обука вклучува детален преглед на актулените познавања во областа која е предмет со конкретната обука, со опфаќање на актуелните материјали и техники за нивно инкорпорирање, основи на проектирањето, правилното инсталирање и одржување на сончеви колекторски и фотоволтаични системи, елементи од теоретски основи на процесите, карактеристики на компонентите и на системите и нивно димензионирање, како и еколошките аспекти, а обезбедува и соодветно запознавање нсо европските стандарди, техниките за мерење на енергетските  заштеди, како и постапки за заштита при работа.

Опис на пилот обуките

Пилот обуките ќе се реализираат во рамките на проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“- ТРАИНЕЕ http://trainee-mk.eu/, со цел да се проверат во пракса развиените програми за обука и тренинг материјалите. Програмите за обука се развиени во контекст на барањата на ревидираната европска Директива за промовирање на користењето на енергија од обновливи извори Directive 2018/2001/EU.

Вкупното траење на обуките е 80 часови настава, организирани така што 30% од часовите се наменети за теоретска настава, 60% од часовите се организирани како практична и теренска настава и 10% за евалуација на знаењето, што ќе резултира со стекнување на сертификат со важност во ракмите на проектот. Обуките ќе се реализираат на македонски јазик.

Кој може да се пријави на обуките?

На обуките може да се пријават кандидати според следните предуслови:

  • За Прво ниво (инсталатери): три и четиригодишно средно стручно образование од техничките струки (електричари, механичари, градежни техничари и сл.) или работно искуство и/или обука за водоводџија, електричар, кровопокривач или слично со поседување на соодветни вештини
  • За Второ ниво (проектанти): високо образование на техничките факултети со најмалку 180 ЕКТС (електроинженер, машински инженер, градежен инженер и сл.)

Како да се пријавите за обука?

Пријавувањето за обуките се прави најдоцна до 7ми јуни 2019, со пополнување на он-лајн формуларот за аплицирање достапен на линкот:

apply training mk

ВАЖНО! *Бројот на кандидати кои ќе бидат опфатени со обуките во рамките на проектот е ограничен. Проектниот тим по потреба ќе направи селекција на пријавените кандидати. Секој од пријавените кандидати ќе добие повратен одговор за статусот на пријавата.