Центар за менаџирање на знаење и вештини

KS mk

http://ks.org.mk

Врз основа на обврските што партнерите во проектот TRAINEE ги имаат превземено согласно Договорот за грант бр. 785005, и за успешно спроведување на проектните активности, проектниот конзорциум на проектот TRAINEE, на својот 4ти состанок на конзорциумот, одржан на 9. 11. 2018 година во Стопанската комора на Македонија, усвои ОДЛУКА за иницирање Формирање на Центар за менаџирање на знаење и вештини.

Центарот за менаџирање на знаење и вештини К&С Скопје е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на образованието на возрасни, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на неформалното стекнување на знаења и вештини преку програми на територијата на Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законот. Центарот за менаџирање на знаење и вештини К&С Скопје е рамноправна членка на Асоцијацијата на инженерски здруженија ИНЖЕНЕРСКА ИНСТИТУЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА www.engineer.org.mk.

Стратешки цели на Центарот за менаџирање на знаење и вештини К&С Скопје се:
  • поврзување на стручното образование на возрасни со потребите на пазарот на трудот,
  • надградување на професионалните квалификации на корисниците со зајакнување на нивните перспективи за вработување и конкурентност,
  • користење на современи ииновативни алатки за учење и менаџирање на знаењето и вештините за пренесување на новите потреби на пазарот на трудот,
  • спроведување на мултидисциплинарен пристап во менаџирањето на знењето и вештините за континуиран раст на конкурентноста на националната економија,
  • етаблирање на систем за препознавање на претходното знаење и вештини за стекнување на квалификации од повисоко ниво,
  • препознавање на вештините на корисниците преку нивно поврзување со Националната рамка на квалификации и прифаќање од страна на пазарот на трудот,
  • поттикнување на побарувачката за квалификувана работна сила и зголемување на нејзината пазарна вредност.

Собранието е највисок орган на Центарот за менаџирање на знаење и вештини К&С Скопје. Собранието на Центарот за менаџирање на знаење и вештини К&С Скопје го сочинуваат сите полнолетни членови на здружението. Собранието донесува одлуки со мнозинство гласови од членовите на Собранието. Собранието избира Претседател со мандат од четири години со право на повторен избор.

Органи на Центарот за менаџирање на знаење и вештини се:

  • Претседател,
  • Генерален секретар,
  • Управен одбор,
  • Надзорен одбор.

organogram