НОВА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ЗНАЕЊАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

.

Преку активностите на Центарот за менаџирање на знаење и вештини во рамките на Проектот се спроведува Повик со две различни квалификациски шеми што водат до сертифицирање на стекнатите вештини и знаење, а тоа се: неформални обуки според развиени програми за обука и постапка за препознавање на претходно учење стекнато преку неформално или информално образование, за што  ќе се врши и сертифицирање.

- За спроведување на целиот овој процес на валидирање на неформално и информално учење во Проектот е развиена Методологија за спроведување на процесот. Основите на Методологијата се поставени во рамките на Проектот „Build Up Skills BEET - Обука на градежните работници 2014-2016“, кога беше успешно пилотирана што резултираше со 967 сертифицирани градежни работници со вештини за примена на мерки за ЕЕ-градење. Во овој повик беа вклучени занимања од 3-то и 4-то ниво од НРК. Во тековниот проект Методологијата за валидирање на неформалното и информалното учење е надградена со постапки за осигурување на квалитет на целиот процес и ќе биде пилотирана и за занимања од повисоко ниво на квалификации, како што се инженерите, - додаде Аризанковска.

Д-р Ристо Јаневски, претседател Здружението на енергетиката при Стопанската комора на Македонија, во своето обраќање истакна дека преку Проектот веќе се реализираа обуки за инженери со вештини за проектирање на сончеви колекторски и фотоволтаични системи и инсталатери на сончеви колекторски и фотоволтаични системи. Процесот на препознавање и валидирање на претходните знаења и вештини, како дел од доживотното учење и континуирана надградба придонесува пред сè за личен и професионален развој на кандидатите, овозможувајќи им на поединците нивните достигнувања официјално да бидат признати, а со тоа се овозможува вклучување или продолжување на формалното образование, но исто така многукратно се подобруваат можностите за избор и напредување во кариерата.

-Со поседување на сертификат, работниците стануваат повеќе барани на пазарот на трудот, а работодавците кои вработуваат сертифицирани работници - поконкурентни. Поседувањето на сертификат, како за работниците така и за компаниите, е значајно и од причини поврзани со одредбите на низа европски директиви, - додаде д-р Јаневски.

pres2Проф. д-р Лихнида Георгиевска Стојановска, професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, воедно и партнер во Проектот, истакна дека преку Проектот е планирано валидирање на неформално и информално учење преку препознавање на претходно знаење и вештини со сертификат да се стекнат повеќе од 360 работници. Пријавувањето на кандидатите се врши откако кандидатот ќе оцени дека во претходното работно искуство и/или самостојното учење ги стекнал бараните знаења, вештини и компетенции за некое од наброените занимања. Овие знаења, вештини и компетенции се наведени како Резултати од учење објавени во документот „Детални информации и упатства за процесот на препознавање на претходно знаење и вештини“, објавени на Интернет-страната на Проектот http://trainee-mk.eu/). Поради зголемениот интерес за аплицирање на Повикот, истиот е пролонгиран заклучно до 13 март 2020 година.

Преку Повикот ќе се реализира сертифицирање на кандидати од следните занимања во градежниот сектор:

  • инсталатер на електрични инсталации со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност;  
  • инсталатер за греење, ладење и вентилација со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност;
  • фасадер со вештини за имплементација  на мерки за енергетска ефикасност;
  • покривач на покриви со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност;
  • столар со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност;
  • инсталатер на сончеви термални колекторски системи;
  • инженер со вештини за проектирање на сончеви термални колекторски системи;
  • инсталатер на фотоволтаични системи и
  • инженер со вештини за проектирање на фотоволтаични системи

Еден кандидат може да се пријави за препознавање на знаење и вештини за едно или повеќе занимања.

-Поднесените апликации ги разгледува и оценува Комисија за проценка, составена од сертифицирани проценувачи (обучени во рамки на Проектот), што е целосно во согласност со Предлог-законот за образование на возрасни. Во рамките на процесот на препознавање, доколку поднесените докази за компетентност се недоволни, кандидатите може да бидат повикани на интервју и/или проверка на знаењата и вештините, -подвлече д-р Георгиевска Стојановска.

Сертификатите со кои ќе се стекнат работниците и инженерите ги издава Сертификационото тело во рамките на „ТРАИННЕ“-Проектот и ќе имаат важност во рамки на самиот Проект, чии резултати се признаени од Европската комисија, поради што сертификатите ќе бидат издадени на македонски и на англиски јазик.