ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИ ЗА ГРАДЕЖНИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ ПРЕКУ ПРОЕКТОТ „ТРАИНЕЕ“

20200918 130751 38794Во рамките на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (ТРАИНЕЕ) (http://trainee-mk.eu/), беа доделени сертификати за поседување знаење, вештини и компетенции за проектирање и инсталирање фотоволтаични и сончеви термални колекторски системи, за БИМ, како и сертификати за кандидатите кои успешно завршија процес на идентификување, документирање и препознавање на претходните знаења и вештини.

Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија, воедно и координатор на Проектот „ТРАИНЕЕ“, истакна дека главна цел на Проектот е подобрување на вештините на професионалците од градежната индустрија, со цел создавање квалификувана работна сила во градежниот сектор, подготвена да се справи со предизвиците за одржливо енергетски ефикасно градење, промовирајќи го мултидисциплинарниот пристап, иновативноста и дигитализацијата во градењето, а притоа иницирајќи зголемена пазарна вредност на бараните вештини.

Во рамки на Проектот „Траинее“ се реализираа 12 обуки преку кои со сертификати се стекнаа 182 лица и тоа за:

  • 2 обуки за интегриран и систематизиран пристап во проектирање на ЕЕ објекти преку кои се сертифицираа 49 архитекти;
  • 4 обуки за БИМ со вкупно 61 учесник, од кои: 23 инженери, 13 претставници на градежни фирми и инвеститори, 11 за носители на одлуки и 14 за индустрија и производители ;
  • 3 обуки за инсталатери на системи за користење на ОИЕ со 23 сертифицирани инсталатери и
  • 3 обуки за инженери за вештини за проектирање на системи за користење на ОИЕ каде се сертифицирани 49 инженери.

Преку процесот на Препознавање на претходни знаења и вештини сертифицирани се 369 градежни професионалци, за 9 различни занимања:20200918 114836 38794

  • инсталатер на електрични инсталации со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност (63 кандидати);
  • инсталатер за греење, ладење и вентилација со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност (64 кандидати);
  • фасадер со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност (55 кандидати);
  • покривач на покриви со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност (61 кандидат);
  • столар со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност (60 кандидати);
  • инсталатер на сончеви термални колекторски системи (21 кандидат);
  • инженер со вештини за проектирање сончеви термални колекторски системи (10 кандидати);
  • инсталатер на фотоволтаични системи (22 кандидати) и
  • инженер со вештини за проектирање на фотоволтаични системи (13 кандидати).

DSC00015

Игор Панчевски, од Здружението на бизниси и консултанти, Скопје, во своето излагање го објасни придонесот на „ТРАИНЕЕ“ во дигитализацијата на градежниот сектор преку воведување на Информациско моделирање на градби – БИМ. Како нова алатка за дигитализација во градежниот сектор, а со цел примена на истата од страна на компаниите, беа организирани серија информативни настани за запознавање и промоција на БИМ пред релевантните пазарни актери: практичари (архитекти, инженери и техничари), градежни компании, јавни институции, инвеститори, производители на градежни материјали, занаетчии, како и обука за БИМ од страна на проектниот партнер од Шпанија и тоа за инженери и проектанти ,инвеститори и изведувачи, за претставници од државни и јавни институции и за компании од градежната индустрија. Како резултат на Проектот изготвен е и Предлог-национален патоказ за воведување БИМ во Македонија.DSC00028

Преку Проектот, изработена е Методологија за евалуација на градба во користење (Post Ocupancy Evaluation), која претставува систематски процес кој служи за обезбедување повратни информации за одреден објект во периодот на користење. Активностите вклучуваат собирање податоци за употребата и искористувањето на енергијата и водата, како и анкети за комфорот на станарите.

На настанот свое обраќање имаше д-р Лихнида Стојановска Ѓеоргиевска, професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, која што истакна дека преку Проектот основан е Центар за менаџирање на знаење и вештини „К&С“ – Скопје, со основна цел поддршка на развојот на одржливи пазарно ориентирани вештини за енергетски ефикасно градење, а неговата мисија е насочена кон поврзување на стручното образование и обуки со потребите на пазарот на труд, надградувајќи ги професионалните квалификации на корисниците, зајакнувајќи ги нивните перспективи за вработување и социјалната кохезија. Во рамките на Центарот за менаџирање на знаење и вештини „К&С“ - Скопје, креиран е Регистарот на сертифицирани градежни работници и професионалци. 

DSC00030Д-р Ристо Иванов, претседател на Здружението на бизниси и консултанти – Скопје, во своето излагање ја истакна важноста на одржливоста на проектните резултати на „ТРАИНЕЕ“, којашто е обезбедена преку Центарот за менаџирање на знаење и вештини, како One-stop-shop за комуникација и користење на резултатите и по завршувањето на Проектот.

Проектот „ТРАИНЕЕ“ се имплементира од страна на Стопанската комора на Македонија, како координатор на Проектот, во партнерство со Здружението за бизнис и консултанти „Креација“, Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Јавната установа Центар за образование на возрасните - Скопје (ЦОВ), Инженерската институција на Македонија (ИИМ) и WITS INSTITUTE SL (BIM Academy) - Академијата БИМ од Шпанија, како дел од Повикот за енергетска ефикасност 2014-2016, во рамките на Програма „Хоризонт 2020“.