6-та работилница за промоција на Информациско моделирање на градби БИМ - БИМ во инфраструктурни објекти

Категорија
TRAINEE
Датум
04 Дек 2019 13:00 - 15:00
Локација
Јавно претпријатие за државни патишта
Документ

Во современото општество градежништвото и инфра- структурата се логистичка основа за развој како на производството така и на транспортот. Може да се каже дека нивото на модернизација и ефикасност на едно општество е пропорционално со степенот на развој на неговата инфра- структура. Во таа насока, со цел зголемување на ефикасноста и подобрување на менаџирањето со големите инфраструктурни објекти, воведувањето на BIM пристапот во доменот на инфраструктурните објекти е од особен интерес, што е согласно следење на препораките на Европските директиви.

Предизвици при градење на инфраструктурни објекти

  1. Целта да се испорача побрзо
  2. Целта да се заштеди повеќе
  3. Управување со податоците
  4. Ефикасна комуникација
  5. Размислување „на големо“

Придобивки од БИМ во инфраструктурни објекти

  • Работа во еден ист модел

           ... и како изведувачи и како клиенти.

  • Обезбедување на изведбата

           ... со рано откривање на евентуални проблеми во проектот.

  • Превземање податоци директно од моделот

           ... на пр. за автоматска контрола на механизацијата.

  • Симулирање на можни сценарија

           ... и обезбедување на соодветна логистика на градилиштата.

Работилницата е со цел да се поттикне иницијатива за воведување на BIM методологијата на градење во секторот на планирање, градење и одржување на инфраструктурните објекти.

Работен јазик на работилницата ќе биде Англискиот јазик.

 Превземи АГЕНДА