Пилот обуки за БИМ

Категорија
TRAINEE
Датум
11 Фев 2020 08:00 - 21 Фев 2020 16:00
Локација
Скопје (локација ќе се утврди подоцна)
Телефон
+389 70264284
E-пошта
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Документ

Обуките ќе бидат организирани во периодот од 10-21 февруари 2020 година, во рамките на Центарот за менаџирање на знаење и вештини. Обуките ќе бидат водени од проектниот партнер BIM Academy, од Шпанија.

Обуките ќе бидат поделени во 2 групи, каде секоја од нив ќе има 4 часовна дневна сесија со предавања.

Наставната програма на обуките се фокусира на развој на основни БИМ вештини и стратегии за решавање проблеми. Создавање и модификација на БИМ моделите и елементите во 3Д параметарска БИМ околина е високо професионална активност која бара не само специјално знаење од областа на градежништвото, туку и вештини за користење специјализиран софтвер со кој се овозможува користење на БИМ.

Програми за обука:

  1. БИМ за инженери, архитекти и техничари (40 часови, класична обука) - 20 лица
  2. БИМ за претставници на власта, купувачи и сопственици (15 часови, „on-line“ обука) - 10 лица
  3. БИМ за градежници и инвеститори (40 часови, класична обука) - 10 лица
  4. БИМ за индустрија и произведувачи (15 часови, „on-line“ обука) - 10 лица

Кој може да се пријави на обуките?

Општи предуслови за следење на обуките под Р. бр. 1 и Р. бр. 3 се:
- факултетско образование во областа на инженерството;
- разбирање на потребата за дигитализација на процесите на управување;
- разбирање на потребата и концептот на трансфер во БИМ;
- разбирање на концептот на функционирање на инженерски фирми.

РЕГИСТРАЦИЈА

Регистрацијата за обуките 1) или 3) се преку зеленото копче горе десно или директно преку следниот ЛИНК (ЗАТВОРЕНА, пополнети места)

За следење на он-лајн обуките под Р. бр. 2 и Р. бр. 4  нема посебни предуслови. Сепак, пожелно е кандидате да се вклучени во постапките за јавни набавки, изведба, производство или друг дел од целиот процес на градење.

Целосната објава за обуките можете да ја симнете овде Најава_за_Пилот_Обуки_за_БИМ [PDF]