Како поддршка на градежниот сектор, а во насока на градење на капацитетите на вработените во градежниот сектор за имплементирање на параметрите за енергетска ефикасност во градбите започна со реализација Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (ТРАИНЕЕ) кој се реализира во рамките на Европската програма „Хоризонт 2020“.
Обуки на стручен и технички кадар за инсталирање на фотоволтаични системи и топлински колектори од јуни 2019 година
Како поддршка на градежниот сектор, а во насока на креирање дополнителни капацитети на вработените за имплементирање на параметрите за енергетска ефикасност во градби, на 5 и 6 февруари 2019 година се одржа дводневна работилница за промоција на БИМ (алатка за информациско моделирање на градби) во рамките на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење – ТРАИНЕЕ“, кој е дел од европската програма „Хоризонт 2020“.