Како поддршка на градежниот сектор, а во насока на креирање дополнителни капацитети на вработените за имплементирање на параметрите за енергетска ефикасност во градби, на 5 и 6 февруари 2019 година се одржа дводневна работилница за промоција на БИМ (алатка за информациско моделирање на градби) во рамките на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење – ТРАИНЕЕ“, кој е дел од европската програма „Хоризонт 2020“.