Почитувани
Проектот ТРАИНЕЕ (Пазарно ориентирани вештини за енергетски ефикасно градење) кој се реализираше во периодот 1 мај 2018 до 31 октомври 2020 официјално заврши со фазата на имплементација и е во процес на подготовка на завршниот извештај. Ви благодариме на сите вас, професионалци во градежниот сектор, компании, институции, за Вашата несебична поддршка и учество во реализацијата на проектните активности.
Проектот работеше кон остварување на три посебни цели: креирање на програми за обука со цел создавање квалификувана работна сила во градежниот сектор, поттикнување на мултидисциплинарен пристап и дигитализација во градежништвото преку воведување на БИМ и зголемување на пазарната вредност на вештините за енергетски ефикасно градење.
Со цел реално да се определи влијанието на проектните активности врз постигнувањето на планираните цели, Ве замолуваме да го споделите вашето искуство, впечатоци и мислење за реализираните активности, што ќе даде вреден придонес за евалуацијата на проектот и идентификување на потребите за понатамошна поддршка и соработка.
Анктетата е анонимна, се состои од 15 кратки прашања кои не би требало да Ви одземат повеќе од 3-5 минути.
Линк до Анкетата:
Ви благодариме однапред.
Тимот на ТРАИНЕЕ