17.9.2019 година, во Стопанската комора на Македонија, како резултат на успешно спроведени пилот-обуки во рамките на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење – ТРАИНЕЕ“ беа доделени сертификати за проектирање и инсталирање системи за користење енергија од обновливи извори на енергија (ОИЕ) во градби.
Проектниот тим на проектот ТРАИНЕЕ со задоволство го најавува почетокот на обуките за проектирање и инсталирање на сончеви термални и фотоволтаични системи.
Обуките се организирани од Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ, а ќе се реализираат во рамките на Центарот за менаџирање на знаење и вештини во периодот од 17-ти јуни 2019 до 2 јули 2019.
Подетални информации за распоредот на часовите во текот на обуките ќе бидат споделени на воведното предавање за време на Официјалното отпочнување на обуките што ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија на 17ти јуни 2019 во 12,00 часот.
Програмата според која ќе се реализираат обуките е организирана во два модули:
Модул 1: Проектирање и инсталирање на сончеви термални колекторски системи,
на две нивоа—за работници (инсталатери) и инженери (проектанти)
Модул 2: Проектирање и инсталирање на фотоволтаични системи,
на две нивоа—за работници (инсталатери) и инженери (проектанти)