TRAINEE Logo   Creating Qualified Building workforce with
   QUALIFICATIONS | BIM | MARKET

Грешка

[OSYouTube] Alledia framework not found

Прес во СКМ на Тема: БИМ АЛАТКА ВО НАСОКА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА – ТРАИНЕЕ ПРОЕКТ

 

БИМ, кратенка од Building Information Modelling - Моделирање на информациите за зграда-објект, претставува дигитална алатка која го менува начинот на кој досега функционираше градежната индустрија, воведувајќи нови, ефикасни решенија како платформа за интегриран дизајн, проектирање, планирање на материјали, градба и соработка. Обезбедува дигитално презентирање на карактеристиките на зградата- објектот за целиот животен циклус и поради тоа нуди ветување за големи придобивки за ефикасност. Целта на Проектот „ТРАИНЕЕ“ е да се обучат кадри и да се пренесат информациите за значењето на БИМ технологијата . Проектот е координиран од страна на Стопанската комора на Македонија во соработка со партнерите Здружението за бизнис и консултанти „Креација“, Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Јавната установа Центар за образование на возрасните - Скопје (ЦОВ), Инженерската институција на Македонија (ИИМ) и Академијата БИМ од Шпанија.

Потребата од воведувањето и примената на БИМ технологијата е во насока на поддршка на стратешките правци на земјата за дигитализација на градежниот сектор според глобалните правци на технолошкиот развој, како и за постигнување на целите за одржливост во енергетскиот сектор, пред се, на енергетската ефикасност според директивите на ЕУ, истакна Ристо Иванов, претседател на Здружението за бизнис консултанти Креација и партнер во ТРАИНЕЕ проектот. Очекуваните придобивки од примената на БИМ се:

Ø Економски (10% заштеди во времето на градба и 20-40 % пониски трошоци за градба и одржување на објектот¸подобрена конкурентност на секторот);

Ø Околина (помалку отпад, оптимално користење на енергијата, ефикасност на ресурсите, циркуларна економија и пристап за анализа на целиот животен циклус на градбата)

Ø Социјални (повисок и побезбеден стандард на живеење, подобрени услуги на јавниот сектор, чисти и безбедни работни места во градежниот сектор).

ЕУ политиките имаат за цел дигитализација на индустриите. Во агендата за дигитализација вклучена е и иницијативата на ЕУ Комисијата за дигитализација на единствениот ЕУ пазар. Исто така ЕУ директивата за јавни набавки (2014) ги охрабрува Владите на земјите членки, како големи набавувачи на градежни работи, да влијаат и да ги охрабруваат иновациите и примената на БИМ од страна на градежните компании. Стратегијата на ЕУ е јавниот сектор да го преземе лидерството во воведувањето на БИМ во градежната индустрија и неговата имплементација. Проектот ТРАИНЕЕ има токму за цел да ги доближи Европските политики за примената на БИМ од страна на градежните компании, институции и сектори поврзани со градежништвото и во Република Северна Македонија.

Воведување на БИМ во земјите од Европската унија веќе е отпочнато и како пример во Германија од јануари 2020 година сите инфраструктруни јавни работи треба да бидат планирани и градени со БИМ методологијата; во Ирска, БИМ методологијата е задолжителна за било која работа во здравствениот сектор, во Италија, методологијата БИМ е задолжителна за сите јавни објекти во вредност над 100 милиони евра, додека пак во Велика Британика, од 2017 година се применува БИМ методологијата во сите програми за социјално домување.

Имплементацијата на агендата за дигитализација на индустриите е подржана со: Политики за јавни набавки, технички (Стандардизација на методологијата, безбедност, валидација и користење), процеси (размена на информации) и човечки ресурси (одговорности и вештини). За воведувањето на БИМ во националните економии најчесто се користи стратешки документ Road map, под водство на Владите на земјите членки.

Во таа насока, една од основните компоненти на Проектот „ТРАИНЕЕ“ е промоција и воведување на БИМ во Република Северна Македонија, преку три активности:

»  Промоција на БИМ пред релевантните пазарни актери: практичари (архитекти, инженери и техничари); градежни компании; јавни институции; инвеститори; производители на градежни материјали; занаетчии; (одржани 2 во март и 2 во Мај 2019, следните ќе бидат од 2-6 декември 2019;

»  Организирање на обука за БИМ од страна на проектниот партнер од Шпанија (4 програми);

»  Изработка на Road map за воведување БИМ во РСМ.

Со цел подигање на капацитетите во градежниот сектор за воведување енергетска ефикасност при градење на енергетски ефикасни згради, подготвени се четири програми за обука за БИМ на 50 учесника во сите фази на изградба, користење и одржување на градбите Тренинг програмите се изработени и поддржани од БИМ Академија Барселона, партнер во проектот и тоа:

»  5 дена (40 часа) за практичари (архитекти, инженери и техничари); со вкупно 20 учесници;

»  5 дена (40 часа) за градежни компании и под изведувачи, со вкупно 10 учесници;

»  15 часа онлајн обука за носителите на политики, јавни институции, сопственици на објекти со вкупно 10 учесници;

»  15 часа онлајн обука за градежната индустрија и производители на градежни материјали со вкупно 10 учесници.

Учесниците на обуките ќе добијат едногодишна бесплатна БИМ лиценца од АКА за работење и примена на стекнатото знаење. Обуките се одржуваат во период од Февруари 2019 (за 5 дневните обуки) и март 2020 година (за онлајн обуките). Содржината на обуките и датите за одржување ќе бидат презентирани на неделата на проектот 2-6 Декември 2019 година посочи проф. д-р Лихнида Стојановска Георгиевска, професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, кои се и партнери во истоимениот проект.

DSC00550

Подготовката на Road map за воведување на БИМ алатката во РСМ предвидена е во периодот април-јуни 2019 година, со поддршка на проектниот партнер БИМ Академија Барселона, експерт од Словенија и експерт од Словачка.

Планот на изработка ќе биде усвоен од Насочувачкиот одбор на проектот и имајќи предвид дека членови се претставници на министерствата, од неговите редови ќе се формира работната група за воведување БИМ. Проектните резултати и обуките ќе се префрлат на понатамошна експлоатација и реплицирање на Центарот на знаење за менаџмент и вештини Скопје додаде проф. д-р Стојановска Георгиевска.

Фотографии од настанот

Со пријавувањето за новости, давате дозвола дека вашите информации ќе бидат употребени за да добиете една потврдна порака и билтени од активностите и резултатите на проектот TRAINEE.
Партнери во проектот
KomorskiZnak CMYK Noemvri2012 WEB  logo kreacija mk  feit logo cov logo oficijalno en inzhenerska institucija na makedonija web  bim academy spain

EU Logo web

This project has received funding from the European Union’s Horizon 2020 research and innovation programme under grant agreement No. 785005 

TRAINEE Tweets

Contact Us