TRAINEE Logo   Creating Qualified Building workforce with
   QUALIFICATIONS | BIM | MARKET

Грешка

[OSYouTube] Alledia framework not found

Одржана обука за интегриран и систематски пристап на архитекти за равој на енергетски ефикасни објекти во рамките на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење – ТРАИНЕЕ“

 

Пред повеќе од 30-тина присутни архитекти беа презентирани четири клучни модули преку кои ќе се олесни следењето и имплементацијата на систематскиот и логичен пристап при дизајнирање на енергетски ефикасни објекти и тоа:

           

Модул 1: Општи информации за енергетската ефикасност (потребата од заштеда на енергија и влијанието на енергетската ефикасност, позиција на енергетската ефикасност во светот,  став на енергетската ефикасност во Северна Република Македонија).

Модул 2: Проектирање на енергетско ефикасни згради (класификација на енергетската ефикасност, фактори кои влијаат на класификацијата на енергетската ефикасност, калкулација на класата на енергетска ефикасност на згради, дифузија на водена пареа, детали за конструкција и инсталации).

Модул 3: Правна рамка (обврски и критериуми кои секоја градба треба да ги исполни во согласност со правната рамка и упатства за енергетски надзор и енергетски карактеристики на згради).

Модул 4: Клиенти - сојузници на енергетската ефикасност (енергетска ефикасност како задача на дизајнерите и градење на класа како додадена вредност).

Целта на обуката е подигање на свеста на архитектите за дизајнирање на енергетски ефикасни објекти, следење на нивниот придонес во проекти кои ги дизајнираат / одобруваат користејќи ја енергетската класа, стекнување на знаења за дефинирање на енергетската заштеда и вештини за пресметување на планираната потрошувачка на енергија за згради; информации за регулаторната рамка и нејзина имплементација. Обуката беше наменета за архитекти кои работат во секторот за енергетска ефикасност во јавните институции.

Активностите во рамките на Проектот се планирани во повеќе области со цел подигање на капацитетите на архитектите, инженерите и на конкурентноста на македонските компании од градежниот сектор. Преку натамошно подобрување на вештините на архитектите, инженерите и на градежните работници за градење енергетски ефикасни објекти преку обука и преквалификации, ќе се постигнат параметрите на ЕУ „Стратегијата 2020“ за енергетска ефикасност.

Дводневната обука е во рамките на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење – ТРАИНЕЕ“ (http://trainee-mk.eu/mk), кој е дел од европската програма „Хоризонт 2020 каде Стопанската комора на Македонија е координатор, во партнерство со: Здружението за бизнис и консултанти „Креација“, Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Јавната установа Центар за образование на возрасните - Скопје (ЦОВ), Инженерската институција на Македонија (ИИМ) и WITS INSTITUTE SL (BIM Academy) Академијата БИМ од Шпанија.

Галерија на слики

Со пријавувањето за новости, давате дозвола дека вашите информации ќе бидат употребени за да добиете една потврдна порака и билтени од активностите и резултатите на проектот TRAINEE.
Партнери во проектот
KomorskiZnak CMYK Noemvri2012 WEB  logo kreacija mk  feit logo cov logo oficijalno en inzhenerska institucija na makedonija web  bim academy spain

EU Logo web

This project has received funding from the European Union’s Horizon 2020 research and innovation programme under grant agreement No. 785005 

TRAINEE Tweets

Contact Us