TRAINEE Logo   Creating Qualified Building workforce with
   QUALIFICATIONS | BIM | MARKET

Грешка

[OSYouTube] Alledia framework not found

9.7.2018 Пресс-Очекувано влијание на проектот TRAINEE

 

Проектот се води во рамките на Хоризонт 2020, работна програма „Безбедна, чиста и ефикасна енергија“, под повикот за „Енергетска ефикасност“ ЕЕ-2016-2017.

Активностите на Проектот се планирани во повеќе области со цел постигнување на поголем број од резултатите предвидени да се постигнат со реализација на повикот. Така, еден сегмент на дејствување е кон натамошно подобрување на вештините на градежните работници за градење енергетски ефикасни објекти преку обука и преквалификации, со цел да се постигнат параметрите на ЕУ „Стратегијата 2020“ за енергетска ефикасност. Во таа смисла проектот ТРАИНЕЕ ги надградува веќе постигнатите резултати во претходните два проекти „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност“ 2014-2016 и Градење на вештини за енергетска ефикасност 2012-2013, со развој на тренинг шеми и проширување на обуките и на градежните професионалци - архитекти, инженери и техничари.

Со цел да се постигне мултидисциплинарен пристап кај одржливото градење, ќе биде иницирана примената на алатки за информациско моделирање на градби (BIM-building information modeling) на национално ниво. Воведување на примена на Информациско моделирање на градби, што е едно од барањата на новите правила за јавни набавки на Европската комисија, во доменот на градежништвото, ќе се спроведе со иницирање на широка акција за подигање на свеста кај сите засегнати страни од градежниот сектор (градежните компании, инженерите, архитектите, работниците), но и инвеститорите и одговорните владини институции, како и крајните корисници на објектите, преку низа на активности, работилници, семинари и други промотивни настани. Целта е преку примената на БИМ алатките да се прикажат енергетските заштеди кои се резултат од примената на мерки за енергетска ефикасност во процесот на градење.

Преку активности во рамките на Проектот ќе се иницира прифаќање на надградените вештини на градежните работници од страна на пазарот преку остварување на соработка со различни професионални групи. Една од задачите е поттикнување на потребата од користење на квалификувана работна сила во градежништвото со предлози за корекција на легислативата, во насока на исполнување на стандардите зацртани со Правилникот за енергетски карактеристики на градби.

Областите каде се очекува Проектот да има влијание се групирани во 2 групи:

-креирање на политики за одржливо градење: предлози за интервенции во легислативата со потикнување на примена на Правилникот за енергетски карактеристики на градби, предлог методологија за препознавање на претходно учење, предлог на Патоказ за воведување на БИМ на национално ниво. Овие проектни резултати како дирекни корисници ги имаат Министерствата за економија и за образование и наука. Бројот на индиректни корисници може да достигне и до 100000 сопственици на станови кои се предмет на издавање (а кои треба да ги следат одредбите од споменатиот Правилник за енергетски карактеристики на градби) како и околу 5000 нови сопственици на станови, колку што е бројот на новоизградени станови годишно. Вреди да се вбројат и околу 1000 небработени лица годишно кои може да се вклучат во програмите за преквалификација на националната агенција за вработување.

 -градење капацитети и вештини во техничките вештини, пазарот и во организациска смисла

А) градење капицитети во техничките вештини се однесува на подготовка на иновативни шеми за обука и стекнување на квалификации преку неформалното образование, со што како потенцијални корисници би биле опфатени:   2000 градежни компании, 100 провајдери на неформално образование, 4000 градежни професионалци и 9600 градежни работници (бројки дефинирани во Патоказот за развој на вештини за енергетска ефикасност).

Б) влијанието врз пазарната вредност на вештините за енергетски ефикасно градење ќе се постигне преку мерливо демонстрирање на намалувањето на енергетската потрошувачка на градбите во кои се применети мерки за енергетска ефикасност, што ќе се постигне со примена на БИМ алатките

В) градењето на организациски капацитети за одржливост на проектните резултати ќе биде постигнато со етаблирање на Центар на знаење, како основен реултат од проектот кој ќе овозможи одржливост на постигнатите резултати и по завршувањето на проектот, за што ќе биде изготвен и бизнис план за истиот.

Со пријавувањето за новости, давате дозвола дека вашите информации ќе бидат употребени за да добиете една потврдна порака и билтени од активностите и резултатите на проектот TRAINEE.
Партнери во проектот
KomorskiZnak CMYK Noemvri2012 WEB  logo kreacija mk  feit logo cov logo oficijalno en inzhenerska institucija na makedonija web  bim academy spain

EU Logo web

This project has received funding from the European Union’s Horizon 2020 research and innovation programme under grant agreement No. 785005 

TRAINEE Tweets

Contact Us