-
Предмет на повикот
Предмет на повикот е пријавување на кандидати кои поседуваат знаење и вештини стекнати со неформални обуки и/или работно искуство во градежни претпријатија. Повикот се однесува за следните занимања во градежниот сектор:
- Инсталатер на електрични инсталации со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност
- Инсталатер за греење, ладење и вентилација со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност
- Фасадер со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност
- Покривач на покриви со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност
- Столар со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност
- Инсталатер на сончеви термални колекторски системи
- Инженер со вештини за проектирање на сончеви термални колекторски системи
- Инсталатер на фотоволтаични системи
- Инженер со вештини за проектирање на фотоволтаични системи
Напомена:
- Еден кандидат може да се пријави за препознавање на знаење и вештини за едно или повеќе занимања од горе наведените со јасно назначување во пријавата
- Одборот за сертификација при Проектот TRAINEE одлучува за издавањето на сертификат за поседување на компетенции за соодветното занимање.
Кандидатите кои ќе се пријават за валидирање на неформално и информално учење преку Препознавање на претходно знаење и вештини немаат финансиски обврски. Целиот процес на Препознавање на претходно знаење и вештини во рамките на проектот е финансиран од Проектот TRAINEE.
II. Услови за пријавување
- Општи услови
Учесник во процесот на валидација може да биде лице кое има навршено најмалку 18 години.
- Кандидатите треба да имаат завршено:
- средно образование, или
- постсредно образование, т.е. мајсторски испит со V-Б степен на квалификации или
- четиригодишно средно техничко образование со IV степен на квалификации или
- тригодишно средно стручно образование со III степен на квалификации;
- (само за инженерските занимања) најмалку VI степен на квалификации според НРК (дипломиран инженер од техничките факултети со најмалку 180 ЕКТС).
- Работно искуство:
- најмалку 3 (три) години во струката односно занимањето за кое се бара сертификат и поседуваат претходно знаење, вештини и компетенции од наведената област
Детални информации за процесот Препознавање на претходно знаење и вештини – ППЗВ со преглед на условите и критериумите за пријавување, како и целните групи за секое од занимањата е даден во документот Детални информации и Упатства за процесот.
III. Тек на процесот на препознавање на претходно знаење и вештини
Секој кандидат кој ќе оцени дека во претходното работно искуство и/или самостојното учење ги стекнал бараните знаења, вештини и компетенции навадени за некое од набројаните занимања (наведени како Резултати од учење објавени во Детални информации и Упатства за процесот на Препознавање на претходно знаење и вештини – ППЗВ.
Кандидатот поднесува ПРИЈАВЕН ЛИСТ за препознавање на претходното знаење и вештини за дадено занимање, заедно со докази за работно искуство и стекнати компетенции, како и потпишан ДОГОВОР за валидирање на неформално и информално учење преку Препознавање на претходно знаење и вештини – ППЗВ.
Поднесените апликации ги разгледува и оценува Комисија за проценка, составена од сертифицирани проценувачи (обучени во рамки на проектот). Во рамките на процесот на препознавање, доколку поднесените докази за компетентност се недовоолни, кандидатите може да бидат повикани на интервју и/или проверка на знаењата и вештините.
IV. Резултати/придобивки за кандидатите
- Вид на сертификат
Со успешно завршување на постапката на Препознавање на претходно знаење и вештини, кандидатите ќе добијат валидирање на своето неформално и информално учење и ќе се стекнат со Сертификат за поседување на знаење, вештини и компетенции за определеното занимање.
- Важност на сертификатите:
- сертификатите ќе ги издава Сертификационото тело во рамките на проектот Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење - TRAINEE
- сертификатите ќе имаат важност во рамки на самиот Проект, чии резултати се признаени од Европската Комисија, како проект финансисран од програмата Хоризонт 2020, поради што Сертификатите ќе бидат издадени на македонски и англиски јазик
- дополнително, сертификатите ќе бидат препорачани од страна на Проектот за отпочнување на процедура за нивна верификација од Центарот за образование на возрасните.
- Стекнати компетенции
Сертифицираните кандидати, по добивањето сертификат, ќе можат да аплицираат на тендери каде се бара поседување на компетенции кои се содржани во сертификатот.
V. Пријавување
- Пријавувањето на кандидатите се врши на ЕДЕН од следните два начини:
-
Доставување на документите во електронска форма преку следниот ЛИНК
Контакт лица за прашања при поднесување на пријави во електронска форма:
м-р Ивана Сандева, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
д-р Лихнида Стојановска-Георгиевска, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
-
Доставување на документите во печатена форма во Архивата на Стопанската комора на Македонија, ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје.
Контакт лицe за поднесување на пријави во печатена форма:
м-р Ивана Крстевска, соработник
Дирекција на здруженија и регионални комори
Стопанска комора на Македонија (кат 4)
-
Ул. Димитрие Чуповски 13, Скопје, Р. Македонија
-
+389 23 24 40 51
-
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
- пополнет пополнет ПРИЈАВЕН ЛИСТ
- ДОГОВОР за валидирање на неформално и информално учење преку Препознавање на претходно знаење и вештини – ППЗВ
- копија од диплома за завршено образование;
- сертификати од обуки во неформалното образование (институции и приватни установи што организираат обуки за ЕЕ);
- доказ за работно искуство во струката. Како доказ за работно искуство може да се приложи заверена референтна листа, потврда од работодавач за ангажманот на кандитатот со податоци за работната позиција и времетраењето.
Повикот за пријавување е отворен до 25 март 2020 година.