БИМ Вебинар за обука на локални/национални власти
Периодот на обуката е планиран за 14, 15 и 16 април 2020 година, и тоа во попладневните часови (околу 17 часот или подоцна). Видео обуките ќе бидат водени од проектниот партнер BIM Academy, од Шпанија.
Вебинарите (онлине видео обуките) ќе бидат поделени во 2 групи, каде секоја од нив ќе има 1 до 2 часа дневна сесија со видео предавања.
Обуките ќе бидат организирани преку он-лине алатка која дополнително ќе ја објавиме.
Наставната програма на обуките се фокусира на запознавање со основите на БИМ методологијата, како процес за дигитализација на градежниот сектор. Дигитализацијата на градежниот сектор преку имплементацијата на БИМ во ЕУ законските одредби. Формирање на ПАТОКАЗ за дигитализација на градежниот сектор во Македонија. Имплементација на БИМ во процесот на јавните набавки, изведба, надзор, производство или друг дел од целиот процес на градење.
Програми за обука:
- БИМ за претставници на власта, купувачи и сопственици - 10 лица (14, 15 и 16 април 2020 година)
- БИМ за индустрија и произведувачи - 10 лица (22, 23 и 24 април 2020 година)
Кој може да се пријави на обуките?
Нема посебни услови но пожелно е да се има:
- вклученост во постапките за јавни набавки, изведба, надзор, производство или друг дел од целиот процес на градење.
- разбирање на потребата за дигитализација на процесите на управување;
- разбирање на потребата и концептот на трансфер во БИМ;
- разбирање на концептот на функционирање на инженерски фирми.
РЕГИСТРАЦИЈА
Регистрацијата за обуката 1. БИМ за претставници на власта, купувачи и сопственици оди се преку зеленото копче горе десно или директно преку следниот ЛИНК