БИМ Вебинар обука за индустрија и произведувачи
Вебинарот за индустрија и произведувачи е наменет за сите лица кои работат во фирми за индустриско производство.
Периодот на обуката е планиран за 22, 23 и 24 април 2020 година, и тоа во попладневните часови (околу 17 часот или подоцна). Видео обуките ќе бидат водени од проектниот партнер BIM Academy, од Шпанија.
Вебинарите (онлине видео обуките) ќе бидат поделени во 2 групи, каде секоја од нив ќе има 1 до 2 часа дневна сесија со видео предавања.
Обуките ќе бидат организирани преку он-лине алатка која дополнително ќе ја објавиме.
Наставната програма на обуките се фокусира на развој на основни БИМ вештини и стратегии за решавање проблеми. Како со имплементација на БИМ методологијата ќе постигнете поголема ефикасност и заштеди во ресурси. Зошто треба да се имплементира побрзо. Плановите на ЕУ за имплементација на БИМ.
Програми за обука:
- БИМ за претставници на власта, купувачи и сопственици - 10 лица (14, 15 и 16 април 2020 година)
- БИМ за индустрија и произведувачи - 10 лица (22, 23 и 24 април 2020 година)
Кој може да се пријави на обуките?
Нема посебни услови но пожелно е да се има:
- вклученост во постапките за јавни набавки, изведба, надзор, производство или друг дел од целиот процес на градење.
- разбирање на потребата за дигитализација на процесите на управување;
- разбирање на потребата и концептот на трансфер во БИМ;
- разбирање на концептот на функционирање на инженерски фирми.
РЕГИСТРАЦИЈА
Регистрацијата за обуката 2. БИМ за индустрија и произведувачи оди се преку зеленото копче горе десно или директно преку следниот ЛИНК